Амбасадорите од 27-те земји-членки на ЕУ дадоа зелено светло за договорот со Велика Британија за трговските односи по Брегзит да стапи во сила на 1 јануари, изјави портпарол на ЕУ. Процедурата стапува во сила утре во 15 часот.
Ова привремено ќе овозможи безцаринската трговија со Велика Британија да продолжи по нејзиното напуштање на единствениот пазар на ЕУ на Нова Година. Но, договорот сепак треба да биде ратификуван од Европскиот парламент, веројатно кон крајот на февруари.
Долниот дом на Велика Британија ќе се состане за да гласа за договорот во среда.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер, ги повика пратениците да го поддржат договорот, и да се овозможи премиерот Борис Џонсон да ги добие потребните гласови за договорот да мине во Парламентот.