Состанок на амбасадорите на ЕУ за договорот со Лондон

Од:

Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за трговскиот договор за напуштање на Велика Британија на Унијата.

„Германското претседателство со Советот на ЕУ свика состанок во 10.30 часот. Амбасадорите на ЕУ почнуваат да го разгледуваат договорот меѓу ЕУ и Велика Британија“, објави портпаролот на ЕУ на Твитер.

Велика Британија и Европската унија вчера постигнаа трговски договор, само една недела пред крајот на преодниот рок за Брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент го изгласа трговски договор помеѓу ЕУ и Велика Британија

Земјите-членки на ЕУ едногласно го одобрија трговскиот договор за Брегзит

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Постигнат е трговски договор Лондон-Брисел тврди Би-Би-Си

Барние: Следните неколку дена се важни за договорот со Лондон

Британија и ЕУ се уште се далеку од пост-брегзит трговски договор

Катерина Павлова-Николовска