По бројот на инсталирани камери за видеонадзор, Русија е на третото место во светот, по Кина и САД, објави руската новинска агенција ТАСС.
Според студијата на информатичко-аналитичката агенција „Телеком Дејли“ во Русија на илјада луѓе се инсталирани 93 камери.
По бројот на камери на 1.000 луѓе, САД се на прво место (152,8 камери), а следи Кина (143,6 камери.)
Гледано како вкупна бројка на инсталирани ЦЦТВ камери, во Русија има 13,5 милион, во Кина 200 милиони, а во САД – 50 милиони камери.
Видеонадзорот и складирањето на податоци се една од најразвиените области на ИТ. Заработката од видеонадзорот минатата година изнесуваше 1,55 милијарди долари, а до крајот на годината се очекува да се искачи на 1,83 милијарди долари.