Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Џорџ Френдо, реагираше по одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, за зголемување на времетраењето на полицискиот час, оценувајќи ја како избрзана и дискриминаторска.
Според него мерката, која стапува во сила вечерта на 24 декември, ноќта пред Христовото раѓање – Божик е неочекувана и ги попречува планираните Божиќни церемонии, за кои биле информирани и верниците.
Во писмото што Католичката црква го испратила до претседателката на Комитетот, Мира Ракацоли се бара да се разгледа одлуката на ограничување на движењето бидејќи планираните активности ќе се одвиваат според анти-ковид мерките и протоколите.
-Ние како Католичка црква ги презедовме сите мерки за одржување на богослужбите во предвидено време за тоа надлежните се информирани уште од трети овој месец. Во овој документ се наведува дека службите ќе се одржуваат според распоредот за да им се овозможи на луѓето да се вратат во своите домови пред 22.00 часот. Оваа ненадејна промена, која започнува на Бадник, се чини избрзана и дискриминирачка за католичката заедница, стои во писмото.
Комитетот вчера донесе одлука со која полицискиот час наместо од 22:00 до 6:00 часот, што беше воведено на 11 минатиот месец, од 24 декември до 4 јануари ќе трае од 20:30 часот до 6:00 часот, по што од петти јануари се враќа претходната одлука за времетраењето на полицискиот час.