Интерпол: Криминалните групи подготвени за работа со вакцините

Од:

Во 2021 година вакцината против Ковид ќе биде вредна како течно злато, а мафијата и другите организирани криминални групи се подготвени илегално да се вклучат во овој бизнис, изјави шефот на Интерпол, Јирген Сток.

Според Сток, сосема е сигурно дека ќе има кражби од магацини каде што ќе се чуваат вакцините, напади врз транспортерите на лекови, а криминалните групи ќе смислат други незаконски начини за добивање на вредните вакцини, пренесува агенцијата Анса.

– Заедно со вирусот кој се прошири од Азија на целиот свет, паралелно се шири и непредвиден криминал. Веќе видовме дека криминалните групи многу брзо се прилагодија на ситуацијата за време на пандемијата на коронавирусот, продавајќи лажни средства за дезинфекција, маски и лекови. И сега, додека светот размислува како да набави и дистрибуира одобрени вакцини, криминалните групи се веќе подготвени со лажни лекови и вакцини, предупредува шефот на Интерпол.

Би можело да ве интересира

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Интерпол активираше жолта потерница за Данка Илиќ

Катерина Ѓуровски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

A1on