Русите потпишаа договор со АстраЗенека за да ја зголемат ефикасноста на вакцината „Спутник V“

Од:

Центарот „Гамалеј“, Рускиот инвестициски фонд и компанијата „Р-фарм“ потпишаа меморандум за соработка со британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ во борбата против коронавирусот, пренесува агенцијата РИА Новости.

Претходно, директорот на Центарот Гамалеј, Александар Гинзбург, објави дека во блиска иднина ќе започне заедничко истражување за вакцината против коронавирусот „Спутник V“ и на вакцината на „АстраЗенека“, која компанијата ја развива заедно со универзитетот Оксфорд.

Доколку британските и руските научници успеат да ги комбинираат своите вакцини така што ќе го максимизираат одговорот на имунолошкиот систем, тоа ќе биде одлична вест за целиот свет бидејќи постои причина зошто вакцината на Оксфорд толку долго се чека, пишуваат руските медиуми.

„АстраЗенека“ вети дека ќе ја продава својата вакцина на непрофитна основа сè додека трае пандемијата, па една нејзината доза ќе чини само четири долари. За споредба, една доза вакцина на „Фајзер“ чини 20 долари, а на „Модерна“ дури 34 долари. Затоа вакцините на „АстраЗенека“ може да бидат единствената опција за инокулација на сиромашните земји.

Исто така, за разлика од вакцината на „Фајзер“, која мора да се замрзне на минус 70 степени, што ја отежнува нејзината дистрибуција, а во случај на најсиромашните земји тоа е практично невозможно, вакцината на „АстраЗенека“ може да се чува во обичен фрижидер.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски