Перуанскиот министер за здравство Пилар Мацети објави дека тестирањето на вакцината на Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) ќе продолжи.
Минатата недела Перу престана да ја тестира кинеската вакцина против Ковид-19 поради здравствен проблем на волонтер, но сега е дозволено повторно да го спроведе тестот.
Според локални медиуми, ден пред Мацети да објави продолжување на тестот, перуанската Влада преговарала со кинеската национална фармацевтска група за купување вакцина против вирусот.