Масакр во рудник во Перу

Од:

Девет лица загинаа, а 15 се повредени кога напаѓачите со експлозив упаднаа во рудникот Подероса во Перу и земаа заложници, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу.

Во соопштението се наведува дека полицијата „ја презеде контролата врз ситуацијата“, дека се уапсени седум лица и одземено е оружје, додека на специјалците им е наредено да влезат во областа за поддршка на локалната полиција, пренесува Ројтерс.

„Напаѓачите влегле во окното на рудникот користејќи експлозив, насилно се однесувале со персоналот за обезбедување на рудникот и зеле четири лица како заложници“, соопшти Министерството.

Нападот се случи една година по импичментот и апсењето на поранешниот претседател на Перу, левичарот Педро Кастиљо, што предизвика повеќемесечни насилни, смртоносни протести во многуте рудници во оваа латиноамериканска земја.

Перу е втор по големина светски производител на бакар и значаен производител на сребро и злато, потсетува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

ФБИ се приклучи на потрагата по осомничениот масовен убиец во Левистон

Горан Наумовски

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните