Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

Од:

По крвавиот терористички напад во Москва, се обрати и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тој во своето обраќање вели дека секој кој е вмешан во нападот ќе плати, но и дека во цела држава се воведуваат антитерористички мерки, за да се спречат слични напади.

Путин го нарече нападот во Крокус варварски чин.

– Како нацисти, замислиле да извршат демонстративно погубување. Сите извршители, нарачатели и соучесници ќе сносат казна. Ќе го казниме секој кој застана над терористите и го подготви овој удар врз нашите земја и народ – рече тој.

Тој изрази благодарност за спасувачките екипи, но и сочувство до семејствата на загинатите. Притоа, потврди дека на терористите им бил подготвен „прозорец“ за бегство во Украина.

– Истражните и агенциите за спроведување на законот работат на утврдување на деталите за нападот – рече Путин и додаде дека секој кој е вмешан ќе сноси и соодветна казна.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов