Петров: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

Од:

Една од главните стратешки цели на новоформираниот Стартап Совет на ФИТР ќе биде креирање на долгорочна стратегија за привлекување на дигитални номади во Северна Македонија.

Како што најави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, во наредните три месеци интензивно ќе се работи на создавање европски услови и стандарди.

„Создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи.“, посочи Петров.

Во ерата на дигиталната економија која овозможува поголема слобода во начинот на работење, работните часови и локација, се повеќе развиени земји го стимулираат дигиталното номадство. Ковид кризата придонесе и за поголема стапка на вработени од далечина (remote workers).

Во моментов некои од најатрактивните локации за дигитални номади се Естонија, Тајланд Кипар, Норвешка, Португалија, Британија. Естонскиот парламент во јуни годинава усвои измени и надополнувања на тековните закони за создавање дигитална номадска виза што ќе им овозможи на луѓето да доаѓаат во Естонија како туристи и истовремено да продолжат да работат за странски работодавец или како хонорарци независно од локацијата.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Коста Петров учесник во несреќата во Тафталиџе, не е повреден ниту тој, ниту возачот на моторот

Кристијан Ландов