Коста Петров учесник во несреќата во Тафталиџе, не е повреден ниту тој, ниту возачот на моторот

Од:

Ексдиректорот на Фондот за иновации и поранешен потпретседател на СДСМ, Коста Петров, е еден од учесниците во сообраќајката на раскрсницата меѓу улиците „Њу Делхиска“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“. Утринава пред седум часот, во автомобилот марка „БМВ“ удрил моторцикл „Кавасаки“. Двајцата возачи се во добра здравствена состојба, без потешки повреди.

Петров за „А1он“ кажа дека е во добра здравствена состојба по несреќата. За возачот на мотоциклот и од болницата „8 септември“ каде бил пренесен велат дека имал рана на подлактицата како резултат на падот. И тој е пуштен на домашно лекување.

Преку камерите од „Безбеден град“ ќе се утврдува како настанала несреќата. Петров посочува, но и од објавените фотографии се гледа дека додека тој се престројувал на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во предното десно крило од возилото удрил возачот на моторот.

Полицијата направи увид.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка и кавга кај Железничка

Коста Петров поднесе оставка од директорската функција во Фондот за иновации и технолошки развој

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Превртено возило кај Порта Македонија

Нова сообраќајна несреќа на патот Тетово-Скопје, едно лице го загуби животот

Катерина Павлова-Николовска

Момче и девојка потешко повредени во сообраќајка во Кавадарци

(ВИДЕО) Арсовски: Одговорност за Коста Петров и итна оставка