Усмртена 44-годишна жена во сообраќајка во струмичко

Од:

44-годишна жена од селото Јосифово, валандовско загина откако вчера вечер во неа удрило патничко моторно возило „фоксваген пасат“.

-Синоќа во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.“ велат од МВР.

По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Велосипед удрил пешак на Партизанска – велосипедистката е со тешки повреди

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Автомобил удрил во малолетник во Скопје – пешакот со тешки повреди

Во Скопје автомобил тешко повреди пешак

(ВИДЕО) Ѓорѓе Давид ја покосил жената што загина во несреќата кај Табановце

Катерина Ѓуровски

Двајца загинати, тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Анита Петровска Рајковиќ