Уште еден здравствен работник од Алјаска имаше алергиска реакција на вакцината на Фајзер

Од:

Втор здравствен работник во Алјаска претрпе сериозно негативна реакција на вакцината против коронавирусот на Фаjзер, според локалната болница. Вториот случај се чини дека е средно-лесен, додека првиот погоден здравствен работник останува во болница.

Два случаи на сериозна алергиска реакција по вакцинирањето со вакцината на Фајзер, се пријавени од регионалната болница Бартлет во текот на последните два дена.

„Вториот член на медицинскиот персонал имаше подуеност на очите, лесна главоболка и гребење на грлото десет минути откако денес беше инјектирана вакцината. Неговата реакција не се сметаше за анафилакса“, се вели во соопштението на болницата.

Погодениот работник веднаш добил антихистамински инјекции и „се чувствувал целосно нормално“ еден час по инцидентот. Нејасно е дали тој имал историја на алергии или не.

Првиот случај на алергиска реакција на вакцината се случи во вторникот, кога здравствен работник без претходна историја на алергии имаше реакција на вакцината, што беше опишана од болницата како „сериозна, но не опасна по живот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Силен земјотрес ја погоди Алјаска

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Издадено предупредување за цунами: Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска