Баскија побара членство во ФИФА и во УЕФА

Од:

Баскиската фудбалска федерација поднесе барање до ФИФА и УЕФА за прием во полноправно членство во двете меѓународни фудбалски асоцијации.

Барањето во седиштето на ФИФА во Цирих и централата на УЕФА во Нион денеска го поднесе делегација од регионалната баскиска влада и FVF-EFF.

Правниот застапник на FVF-EFF, Давид Салинас – Армендарис, изјави за локалните медиуми дека членство на Баскиската федерација во ФИФА и УЕФА е „целосно легитимно“.

Тој го наведе примерот со приемот на Грибралтар за членка на УЕФА и ФИФА, иако не станува збор за независна држава, туку британска колонија на крајниот југ на Иберискиот полуостров.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“