ВИДЕО: Потпретседателката на српската влада Зорана Михајловиќ покажа како вежбала за да ослабне 23 килограми

Од:

Потпретседателката на српската влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, гостуваше во емисијата Ами Џи Шоу, каде сподели детали од приватниот живот, вклучувајќи и совети од лично искуство како гледачите како да го „стопат“ вишокот килограми.

Една од најблиските соработнички на српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека успешно ја „истенчила“ линијата, а сподели и снимка од нејзината пилатес-рутина која ѝ помогнала да ја оствари целта.

„Вежбам секој ден по работното време, освен за време на викендот, кој сепак е за уживање,“ рече Михајловиќ, која според дел од српските медиуми, симнала 23 килограми.

50-годишната политичарка, која беше и министерка за транспорт и инфраструктура во претходниот состав на српската влада, откри и дека оди на електростимулација на мускулите, што е популарен третман во Србија. Михајловиќ сподели со гледачите и дека наутро, откако ќе ги нахрани мачорот по име Момчило и двете кучиња, пие сок од јаболко, цвекло и морков додека чита и пишува мејлови.

Министерката вели дека се буди околу 4:30 часот, а дека навечер легнува порано, па се пошегува дека во времето кога се емитува емисијата во која гостуваше, таа веќе спие.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија