Османи: Потребен ни е рецепт за успех, а не за катастрофа

Од:

Јас, како политичар, не верувам во замрзнати конфликти, само во замрзнати решенија! Потребен ни е рецепт за успех, а не за катастрофа – порача минстерот за надворешни работи, Бујар Османи на сесијата за прашања и одговори со европратениците-членови на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент-АФЕТ

„Целта во разговорите со соседна Бугарија е да се врати довербата во процесот, да се надминат предизвиците кои произлегуваат од различните толкувања и да се најдат точки за приближување и заедничко обележување на историски настани и личности. Меѓусебното почитување и разбирање треба да бидат основа на секое вистинско пријателство. Така гледам на овој проблем, така и ќе го надминеме, со дипломатија и дијалог“, нагласи Османи.

Министерот пред пратениците ги презентираше и реформските постигнувања на земјата во изминатиот период, притоа, искористувајќи ја можноста да информира за обновениот и зајакнат фокус во испорачувањето резултати од областа на владеењето на правото и борба против корупција во првите 100 дена на владеењето на новата влада.

На состанокот на Комисијата беше презентиран и првичниот драфт од Резолуцијата на Европскиот Парламент за прогресот на земјата, подготвен од известителот, европратеникот, Илхан Кјучук, во кој се поздравува убедливиот и доследен напредок на Северна Македонија во евро-интегративниот процес.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот