ВИДЕО: Скопјанец им нуди на Канаѓаните заштитни маски од автомат

Од:

Едвин Муминовиќ е роден во Скопје, а живее во канадскиот град Ванкувер, каде од неодамна ја постави првата продажна машина за заштитни маски, дезинфициенси и друга опрема за заштита од коронавирусот – пионерска идеја во време на пандемија.

Младиот претприемач се надева дека луѓето ќе се привикнат на автоматот, од којшто обично купуваме грицки и пијалаци.

Локалните медиуми пишуваат дека автоматот, поставен на прометно место пред познатата ванкуверска транспортна станица Вотерфронт, е првата машина на која се нуди заштитна опрема, поставена во канадската провинција Британска Колумбија.

Автоматскиот киоск ќе нуди маски, визири, различни дезинфициенси и влажни марамчиња, а плаќањето е можно со картичка или преку мобилен телефон. Цените се движат од два канадски долари (околу 80 денари) за обична маска, до 12.5 долари (500 денари) за платнена маска со филтер за повеќекратно користење.

„Ова е згоден начин да се купи маска ако треба да се качите на воз или само сакате да купите нова маска за да имате избор,“ објаснува Муминовиќ.

Во петте дена откако е поставен автоматот, младиот бизнисмен вели дека продажбата се зголемува, но и дека прометот не е голем поради помалиот проток на луѓе.

Муминовиќ вели дека направил истражување, според кое на местото на кое е поставен автоматот пред пандемијата дневно поминувале по 20.000 луѓе, кои на станицата можат да изберат железнички или автобуски линии за транспорт.

„Сега, поради тоа што многу луѓе работат од дома поради Ковид-19, има можеби 3.000 или 4.000 луѓе,“ вели скопјанецот во Ванкувер.

Муминовиќ додава дека го изнајмува просторот од локална компанија, а веќе му е во план да постави и втора ваква машина. Дел од трговските центри во Ванкувер во кои се обратил, го одбиле неговото барање за поставување на специфичниот автомат.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски