Натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите во фудбал меѓу Пари Сен Жермен и Истанбул Башакшехир вечерва заврши прерано, откако во 13-тата минута, играчите на турската екипа го обвинија четвртиот судија за расистички испад кон нивниот помошник-тренер, по што го напуштија теренот.
По час и половина неизвесност, беше соопштено дека прекинатиот натпревар нема да се доигра вечерва, туку утре, со почеток во 19:00 часот. Уефа најави „темелна истрага“ за инцидентот.
Проблемите започнале кога покрај клупата на турскиот тим бил досуден фаул за ПСЖ, на што бурно реагирале претставниците на Башакшехир и резервните играчи. Четвртиот судија од Романија, Себастијан Колтеску, го повикал главниот, а тој прашал кому да покаже жолт картон. Помошниот судија, според гостите, одговорил: „На оној црнецот“, мислејќи на помошникот-тренер на Башакшехир Истанбул, Камерунецот Пјер Вебо.
PSG vs Istanbul Basaksehir has been suspended following an alleged racist incident involving the 4th official towards Istanbul's assistant manager. pic.twitter.com/mLIkZiPK7u
— Champions League on CBS Sports (@UCLonCBSSports) December 8, 2020
Главниот судија по ова покажа и црвен картон, но не беше јасно дали исклучување доби Демба Ба, кој жестоко протестираше од клупата, или некој од тренерите на турскиот тим.
follow @noob_fcb for goals pic.twitter.com/bSqIP1Aiyj
— follow @noob_fcb (@_gooooals3) December 8, 2020
Гостите на теренот во Париз велат дека судијата со ова го навредил нивниот помошник-тренер и демонстративно го напуштија теренот, а играчите на ПСЖ заминаа заедно со нив, во знак на солидарност.
Околу прекинатиот натпревар, се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на Твитер напиша оти верува дека УЕФА „ќе ги преземе неопходните чекори“.
„Ние сме безусловно против расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите области од животот,“ твитна турскиот лидер.
Temsilcimiz Başakşehir’in teknik ekibinden Pierre Webo'ya karşı sarf edilen ırkçı sözleri şiddetle kınıyor, UEFA tarafından gereken adımların atılacağına inanıyorum.
Sporda ve hayatın tüm alanlarında ırkçılığa ve ayrımcılığa kayıtsız şartsız karşıyız. #Notoracism
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) December 8, 2020