Романец направи огромни чизми заради физичко растојание

Од:

Еден чевлар од Романија дошол на идеја да направи огромни чевли при првиот бран на пандемијата, коишто би помогнале во одржување физичко растојание… Потоа, тој создаде и цела нова „колекција“ слични зимски обувки за вториот бран.

Григоре Луп, занаетчија од Романија, во мај ги направи чевлите со европски број 75, и вели дека неговите чевли се продаваат низ целиот свет и оти тоа му помогнало да ја зачува својата продавница во Клуж. Покрај стандардните нарачки, со Луп контактирале и уметнички изведувачи, вклучително и една белгиска танчерска група и американска рок-група. Повици пристигнувале и од луѓе кои носат поголем број чевли, па сакаа да им направи специјални чевли за нив.

– Чифт чизми број 75, за вториот бран на пандемијата, чини 150 евра. Направени се од крзно и имаат подебели ѓонови и облоги, а за нивна изработка се потребни трипати повеќе кожа отколку кај обичен чифт чевли, вели Луп.

Во Романија досега се заразени над 492.000 лица, додека како резултат на болеста животот го загубија 11.876 лица. Училиштата, театрите и рестораните во земјата се затворени, полициски час е во сила, а заштитните маски се задолжителни на сите јавни места.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ