Амбасадата на Италија го осуди сквернавењето на италијански споменик во Битола

Од:

Амбасадата на Италија го осуди вандалскиот чин на сквернавење на италијанскиот споменик подигнат во чест на паднатите италијански борци од Првата светска војна кои заедно со француските, британските и српските трупи се бореле против Централните сили на Македонскиот фронт.

– Станува збор за крајно нецивилизациски чин, којшто не може да биде одобрен за ниедно спомен-обележје. Современите европски вредности подразбираат почит, без која не може да се говори за заеднички просперитет во човештвото, се нагласува во соопштението испратено од Италијанската амбасада во земјава.

Амбасадата на Италија и Општина Битола минатата година во Градскиот парк поставија спомен-плоча посветена на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на Македонскиот фронт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застрашувачка снимка од пад на авион на автопат во Италија

(ВИДЕО) Мал авион падна на автопат во Италија, има мртви и повредени

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Лекарите го прогласија за мртов, тој се разбуди по половина час

А1он

Само 16% од Италијанците се подготвени да се борат за својата земја

А1он

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината