ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Од:

Бранот протести што во изминатите недели ја зафати Шпанија и Франција се прошири и во Италија и Португалија. Во Милано демонстрантите се судрија со полицијата и палеа предмети, додека во Лисабон во текот на викендот беше подигнато шаторско населено место, објави „Гардијан“.

Саботниот протест во центарот на Милано против високите трошоци за живот започна мирно, но заврши со насилство. Маскирани демонстранти ја гаѓаа интервентната полиција со камења, плочки од тротоарите и други предмети. Запалија и барикади направени од маси од угостителски објекти.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. На снимките по судирите се гледа тешко оштетено возило на карабинерите.

Според новинската агенција „ЛаПресе“, најмалку двајца полицајци се повредени, а приведени се околу 50 демонстранти, од кои многумина се малолетници.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека протестите се легитимно право, но дека насилството не е прифатливо.

„Протестите се право, но палењето на нашите градови не е“, напиша Мелони на социјалните мрежи.

Таа оцени дека хулигани ги искористиле протестите за да предизвикаат нереди, да ги нападнат безбедносните сили и да го парализираат функционирањето на градовите.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, порача дека причините за протестите се разбирливи, но дека насилството врз полицијата и сериозната штета предизвикана во градот не можат да се оправдаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Од денеска, забрана за бурка и никаб сите италијански училишта

Катерина Ѓуровски