Првите две вакцини за коронавирус ќе добијат зелено светло од властите и ќе бидат пуштени во оптек во САД пред крајот на годината, односно до Божиќ (25 декември), изјави денеска Секретарот за здравство Алекс Азар.
Изјавата доаѓа откако фармацевтската компанија Модерна од ресорните органи денеска побара одобрение за итно пуштање во употреба на вакцината.
Како што кажа Азар во утринската програма на Си-Би-Ес, тој и потпретседателот Мајк Пенс попладнево планираат да разговараат со гувернерите на сојузните држави за тоа кои групи од населението треба први да бидат вакцинирани.