Во Приштина уапсен мигрант од Мароко осомничен за убиство во Сараево

Од:

Илегален мигрант од Мароко е уапсен во Приштина, а според косовската полиција, се работи за човек осомничен дека минатата недела учествувал во тепачка со локални жители во Илиџа кај Сараево, во која беше убиен 36-годишниот локален жител Јасмин Беровиќ.

Групата Мароканци, меѓу кои е и денеска уапсениот и уште еден фатен осомничен, се степале со локални момчиња во кафеана во Илиџа, по што мигрантите извадиле ножеви и раниле двајца другари на загинатиот Беровиќ, а тој добил удар со штица во главата, кој бил смртоносен, соопшти полицијата.

Иако Мароканците успеале да побегнат од Сараево и од Босна по убиството, полициските сили во регионот ги приведуваат во различни држави – уште еден од групата, 31-годишниот С.Е.Д. е уапсен вчера во Белград, соопшти српската полиција.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе