Сараево: Уапсен мигрант од Мароко осомничен за убиство на локален жител

Од:

Босанската јавност е во шок откако во масовна тепачка во кафе-бар меѓу група мигранти и локални жители во местото Хаџиќи, во Сараевскиот кантон, загина 36-годишниот Јасмин Беровиќ, а двајца негови пријатели беа избодени со ножеви.

Според сведоците, припадник на групата мигранти го удрил Беровиќ со штица во главата, а другите со ножеви ги нападнале пријателите на починатиот. Лекарите од Итната помош долго време се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.

Попладневно полицијата соопшти дека го уапсила Мароканецот Хишам Агларас, кој е осомничен за убиството. 34-годишниот мигрант од Мароко од претходно ѝ бил познат на сараевската полиција, а бил апсен за дела поврзани со дрога, соопшти министерството за внатрешни работи.

Жителите на населбата Хаџиќи, која се наоѓа во близина на камп за мигранти, се плашат за својата безбедност и велат дека мигрантите, кои често, во групи, слободно се движат низ тој дел на градот, се вооружени со ножеви, агресивно се однесуваат, па дури и пијат во локалните кафеани и не плаќаат.

Криминолозите повикуваат на акција од страна на државата, како и на обезбедување подобри услови за престој на мигрантите, наместо сегашниот „затвор“ –

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина