Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

– Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

– Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

– Република Косово и Република Северна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.

Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

– Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри