Епидемиолошката состојба во Црна Гора е крајно алармантна

Од:

Епидемиолошката состојба во Црна Гора е „крајно алармантна и сериозна“, изјави денеска епидемиологот на Институтот за јавно здравје Сања Меденица.

Таа за подгоричка „Побједа“ рече дека сите сценарија се можни.

Според синоќешниот пресек, во Црна Гора починале 10 пациенти, а има повеќе од 500 новозаразени со коронавирусот.

– Мора да имаме предвид дека оваа состојба, која трае од март, ќе влијае на луѓето, без разлика дали се заразени или не. Не е лесно да се променат сите наши навики преку ноќ и сè она што до вчера го сметавме загарантирано и нормално, со цел да го зачуваме нашето здравје и здравјето на оние кои ни се важни, рече Меденица.

Таа рече дека заштитата е многу едноставна и оти само почитувањето на епидемиолошките мерки може да донесе подобрување.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора