Аргентинскиот генијалец Лионел Меси во 2010 година ја има најдобрата изјава што некој било кога ја дал во врска со Диего Армандо Марадона.
„Да играм уште милион години, нема да дојдам ниту блиску до Диего Марадона. Нема да му бидам ни до колена. Тој е најдобриот што се појавил. Тој е Господ. Тој е бог“, изјави Меси.
Диего Армандо Марадона беше негов идол, како впрочем и на секое дете во Аргентина кое тренира фудбал. Му беше и селектор во аргентинската репрезентација.