Во Грција починал 101 пациент заразен со коронавирусот, забележани 2.135 нови случаи

Од:

Во изминатите 24 часа, во Грција повторно е зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19, почина 101 лице, вкупно 1.815 од почетокот на епидемијата, а регистрирани се 2.135 нови случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 95.137 лица.

Од новите случаи, најголемиот број и понатаму е во Солун, вкупно 607, а потоа е областа Атика, поширокиот регион на Атина со 401 случај, 129 во Лариса, а останатите во други делови на земјата.

Од ден на ден, во Грција се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати, денеска се 562, односно 13 лица повеќе од вчера.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе