Косово: 609 новозаразени и 13 починати од Ковид-19

Од:

Бројот на жртви од Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 939 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од коронавирусот.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 605 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 35.549. Од нив, вклучително вчерашните 350 излекувани пациенти, болеста досега ја совладале 21.746 лица.

Официјално, согласно неведените податоци, во земјата моментно има 12.864 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.590, а вкупно досега 134.318 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Жариште на епидемијата е главниот град Приштина, каде што коронавирусот досега е откриен кај повеќе од 13.200 лица.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски