Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, изјави дека кампањата на републиканскиот кандидат Трамп ги повлекува тужбите поврзани со изборите во Мичиген.
Телевизијата Си-Ен-Би-Си ваквиот потег го оцени како најнов неуспех во напорите на кампањата на се уште актуелниот претседател да ја оспори изборната победа на демократот Џо Бајден, која ја предвидеа сите американски медиуми.
-Утринава ја повлекуваме тужбата во Мичиген, рече Џулијани.
Со тужбата кампањата на Трамп се обиде да спречи округот Вејн, во кој се наоѓа градот Детроит, да ги потврди резултатите од изборите и добиените гласачки ливчиња да не сметаат до конечното пребројување.