Хрватска: 3.164 новозаразени, починаа 49 лица

Од:

Во последните 24 часа евидентирани се 3.164 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 17.814. Меѓу нив хоспитализирани се 1.944 пациенти, од кои 204 се на апарати за дишење. Починаа 49 лица.

Поради зголемениот број на случаи со коронавирус, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави нови построги мерки на денешната владина седница, на која дозна дека министерот за здравство Вили Берош е позитивен на коронавирус.

Берош е петтиот министер на хрватската влада заразен со коронавирус.

Шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ, изјави дека построгите мерки за спречување на ширење на коронавирусот ќе се однесуваат на јавни собири, работно време на угостителски објекти, на работа од дома и воведување на работа во смени каде што е можно.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари