Во Хрватска во ноември двојно повеќе хоспитализирани

Од:

Во првите 19 дена од ноември, бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот е двојно зголемен во Хрватска, а бројот на пациенти на респиратори постојано расте, изјави денеска државниот секретар во Министерството за здравство, Томислав Дулибиќ.

На седницата на Владата, Дулибиќ објави дека 1.877 лица се хоспитализирани до вчера, додека 205 од нив биле на апарати за дишење. Во последните неколку недели во болниците се примени 1.596 пациенти со Ковид-19, додека 1.086 се отпуштени.

Во извештајот за состојбата на коронавирусот во Хрватска, Дулибиќ предупреди дека сегашниот процент на новоинфицирани, кои не доаѓаат од самоизолација, достигнува дури 80 проценти.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари