Ахмети бара американска помош за спорот со името

Од:

Али Ахмети денеска беше на Молитвениот појадок на Југоисточна Европа што оваа година се одржа во Приштина.

На овој настан, Ахмети имал средба со американските конгресмени, Беб Мекивен и Робет Алдерхорт.

Ахмети побарал помош од конгресмените за изнаоѓање на компромисно решение помеѓу Македонија и Грција за спорот со името за да може државава да добие покана за членство во НАТО и да добие датум за започнување на преговори за членство во ЕУ при следниот на Самит на Унијата кој ќе се одржи на 27 и 28 јуни оваа година.

Лидерот Ахмети ги повикал американските власти да ги поддржат уште повеќе напорите на Метју Нимиц кон изнаоѓање на решение за единствената пречка на земјава за членство во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ