Сопственик на угостителски објект во Гостивар во близина на автопатот Гостивар-Тетово синоќа е приведен бидејќи објектот работел по дозволеното време и во него биле затекнати 12 гости.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 46-годишниот Р.Б. од Гостивар е задржан во полициска станица поради документирање на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Објектот е пломбиран од страна на Државниот пазарен инспекторат.