Во Адис Абеба почна 50. самит на Африканската унија

Од:

Во Адис Абеба денеска почна 50. самит на Африканската унија (АУ).

Покрај африканските лидери, на самитот присуствуваат и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателката на Бразил Дилма Русеф и американскиот државен секретар Џон Кери, додека францускиот претседател Франоса Оланд и кинескиот вицепремиер Ванг Јанг ќе им се придружат подоцна.

Оваа година се одбележуваат 50 години од основањето на Организацијата на африканското единство и нешто повеќе од една деценија од кога е основана Африканската унија со цел промовирање на „интегрирана, просперитетна и мирна Африка, чиј раст ќе го предводат нејзините граѓани и која ќе претставува динамична сила во глобалната арена“.

Претседавачот со АУ и премиер на Етиопија Хајлемаријам Десалегн го отвори самитот со говор, во кој ги изнесе целите, како што се искоренување на сиромаштијата и судирите на африканскиот континент и „изградба на Африка, чии граѓани ќе имаат статус каков што ќе им овозможат просечните приходи“, пренесува Танјуг.

Денешната АУ, која има 54 членки, наследник е на Организацијата на африканското единство, формирана во 1963 година, во бурните денови на ослободување од колонијалните власти ширум континентот.

– Нашите основачи ја формираа Организацијата на африканското единство во зората на периодот на независност пред 50 години, а ние денес се состануваме во време на прогресот на Африка, порача етиопскиот премиер.

Африканските државници ја прогласија 2013 година за Година на пан-африканизмот и Африканската ренесанса и по тој повод се собраа во Адис Абеба.

– Кога зборуваме за африкански решенија на африкански проблеми тоа е затоашто знаеме дека можеме трајно да го замолкнеме оружјето само ако бидеме солидарни и единствени. Си ветивме сами на себе дека овој историски самит ќе биде незаборавен, дека ќе има оддек ширум светот и оти ќе остави долготрајно наследство, рече шефот на Комисијата на АУ Никосазана Дламини-Зума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска