(ВИДЕО) АНАЛИЗА: Што точно се случуваше во Нагорно-Карабах, ретроспектива на воените дејства

Од:

Нагорно-Карабах е планински регион од речиси 4.400 квадратни километри, традиционално населен со христијански Ерменци и муслимани Турци, кој за време на СССР стана автономен регион во рамките на Република Азербејџан.

Меѓународно признат како дел од Азербејџан, но мнозинството од населението е етничко ерменско и има околу еден милион раселени луѓе од војната (1988-1994) со над 30 илјади убиени.

Уште во 90-тите сепаратистичките сили зазедоа дополнителна територија околу енклавата во Азербејџан, а политичкиот ќор-сокак настана по прекинот на огнот во 1994 година.

На меѓународно ниво двете страни добија поддршка, турската власт отворено најави дека ќе стои зад независноста и територијалниот интегритет на Азербејџан, а Русија создаде воени бази во Ерменија.

Овој конфликт меѓу двете страни има своја историја, која датира уште од првата војна во Нагорно-Карабах во периодот од 1988 до 1994 година, а која настанува кога парламентот на т.н. автономна област донел одлука за присоединување на територијата на регионот со државата Ерменија.

Конфликтот не запира и во деведесеттите тој има свој континуитет, како што се граничните судири во 2008, 2010, 2011-2013 и практично секоја година до 2020 кога ситуацијата повторно ескалира.

Во последните воени пресметки беа убиени стотици војници, но и над сто цивили. Помеѓу јануари и септември 16 азербејџански војници и осумина припадници на ерменската армија, како и еден цивил од Азербејџан, беа убиени во спорадичните судири.

На 27 септември почнаа нови судири во Нагорно-Карабах, Ерменија прогласи воена состојба и почна да се мобилизира, од друга страна, Азербејџан одговори на ист начин, воспостави полициски час во неколку градови во близина на регионот и прогласи воена состојба.

Во борбите во 2020 година стотици беа убиени, пред сè, војници, но и над сто цивили.

Помеѓу јануари и септември 2020 година во спорадични судири беа убиени 16 азербејџански и 8 ерменски војници, како и еден азербејџански цивил. На 27 септември 2020 година избувна нова војна од големи размери, која траеше до 10 ноември.

Според ерменските власти, во борбите загинале 2.317 ерменски војници и 54 цивили, а азербејџанските воени загуби не беа откриени за време на конфликтот.

Сепак, по завршувањето на војната, претседателот на Азербејџан изјави дека ќе бидат обезбедени станови за семејствата на 1.500 убиени за време на конфликтот. 93 азербејџански цивили исто така беа потврдени дека се убиени, а дополнително, Сириската опсерваторија за човекови права ја документираше смртта на 293 сириски платеници, кои се бореа за Азербејџан.

Во воените судири двајца руски војници беа убиени кога нивниот хеликоптер беше соборен од Азербејџан по грешка додека летал во ерменскиот воздушен простор во близина на границата. Тогаш рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти дека бројот на жртвите од конфликтот е над 4.000, со повеќе од 2.000 мртви од двете страни.

Со оглед на сите досегашни случувања, а пред сè поради зголемувањето на бројот на жртвите во регионот, меѓународната заедница ги осуди и двете страни и ги повика да се вратат на тркалезната маса пред Советот за безбедност при ООН.

На 9 ноември, под покровителство на Русија, беше потпишан договор за прекин на огнот, а потписници беа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, и шефот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Завојуваните страни, според договорот, се согласија да ги задржат позициите што ги зазедоа претходно, а Русија како иницијатор на примирјето, за да го обезбеди договорот, почна со распоредување војска (во план е речиси 2 илјади мировници да бидат испратени во регионот).

Од руска страна, само во петокот (13 ноември), беа испратени 20 авиони со речиси 170 мировници во Нагорно-Карабах, а ден претходно илјадници Ерменци излегоа на улиците на главниот град Ереван обвинувајќи го премиерот на државата, Никол Пашинјан, дека капитулирал со потпишување на договорот со Азербејџан.

Незадоволната толпа јасно побара тој да си даде оставка нарекувајќи го предавник како резултат на сето тоа, а под притисок од домашната јавност ерменскиот премиер изјави дека постигнатиот договор не е конечно решение на конфликтот и дека тој само ја запрел војната, но „суштински не го решава долготрајниот спор за Нагорно-Карабах“, област во Азербејџан населена со Ерменци.

Во јавноста се појавија видеа и сведоштва на Ерменци, кои во очај ги палеа своите домови и имоти за да не ги остават на непријателот бидејќи со новиот договор неколку ерменски населби ќе му припаднат на Азербејџан.

Се чини дека претходните анализи беа точни за ескалирање на ситуацијата во главниот ерменски град, опасноста од граѓанска војна е возможна со последниот настан во земјата кога беше спречен атентат врз премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан.

Властите во Ерменија доцна синоќа (14 ноември) соопштија дека спречиле група поранешни функционери на таа држава да го убијат премиерот и да се обидат да ја преземат власта преку државен удар.

Во акцијата што беше спроведена од ерменската Служба за национална безбедност беа уапсени Артур Ванецјан, поранешен шеф, Вахрам Багдасарјан, поранешен лидер на републиканскиот парламентарен клуб во парламентот, и воениот волонтер Ашот Минасијан, кои го планирале атентатот, како и државниот удар.

Сите претходни настани не наведуваат на стабилизирање на состојбата во однос на ова прашање, ќе треба да се бараат нови солуции на меѓународно ниво за задоволување на правдата за двете страни, очигледно е дека голготата за ова спорно прашање и понатаму ќе продолжи.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511