Македонската фудбалска репрезентација денеска против Грузија во Тбилиси го игра клучниот натпревар во досегашната историја. Со победа во финалето од Лигата на Нации ќе обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржува следното лето.
Овој дуел предизвикува огромно внимание кај македонската јавност. Среќа и желби за триумф на фудбалските репрезентативци им испрати и претседстелот Стево Пендаровски.
Тој во видео разговор со селекторот Игор Ангеловски и со сите репрезентативци порача дека целата држава е со нив и оти е сигурен дека ќе го обезбедат посакуваниот триумф.