(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година.

Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува изборниот процес и за претседател и за пратеници да завршат во мирна атмосфера.

„Според податоците, овој втор изборен круг за претседател и изборите за парламент поминуваат во мирна атмосфера барем во првите неколку саати од изборниот ден. Се надевам дека така и ќе завршат, како што и личи на држава која е веќе три и пол децении во демократија. Има информации дека на некои места, во некои општини, во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред, затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место. Тој што дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали да гласа на двата избора или на едниот избор, меѓутоа велам тоа се засега информации кои не се потврдени, ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија. Јас се надевам дека до крајот на денот ќе остане мирно, процесот ќе биде транспарентен и сите учесници во изборниот процес и по завршување на гласањето во 19 часот ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе им честитаат на изборните победници“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел