Британскиот актер Хју Грант уште на почетокот на годината го прележа коронавирусот.
Тој и неговата сопруга Ана Еберштајн се заразија во февруари, кога вирусот почнуваше да се шири и не беше толку познат.
Актерот деновите во кои бил заразен, ги опиша како некои од најмачните во животот.
Тој откри дека му се појавувале чудни симптоми кога се заразил, а првиот симптом што го почувствувал било прекумерно потење.
„Набрзо потоа почнав да се чувствувам како очите да ми се три пати поголеми. Подоцна почнав потешко да дишам, како на градите да ми седеше дебел човек. Потоа го загубив вкусот, па и мирисот. Ја ставив главата во кантата за отпадоци, но ништо, никаков мирис немаше. Сакав да го помирисам секој странец кој поминуваше покрај мене. Кога тој ден се вратив дома, веднаш се испрскав со најсилниот парфем од сопругата и пак ништо не почувствував“, рече тој.
Актерот во интервјуто откри и дека неговата сопруга ги имала речиси истите симптоми.
Повеќе од еден месец откако биле заразени, Хју и Ана почнале да се чувствуваат добро и да им се враќа чувството за вкус и мирис.