Во Босна и Херцеговина починале 19 пациенти заразени со коронавирусот во последново деноноќие во кое новозаболени се 1200 лица потврдува заводот за јавно здравје.
Од саботата се спроведени тестирања на околу 2.700 примероци, а заразата е потврдена кај 665 лица од Федерацијата БиХ и кај 557 од Република Српска, пренесува порталот Кликс.
Во БиХ за време на викендите се спроведуваат помалку тестирања и затоа бројките на новозаразени се и помали. Во целата земја активни се околу 30.000 случаи на коронавирус