Шефот на НАТО: Русија сее раздор во Босна и Херцеговина, гледаме сецесионистичка реторика

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа прес-конференција во пресрет на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

На средбата ќе се разговара за актуелните безбедносни предизвици, војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, како и ситуацијата на Западен Балкан.

„Ќе разговараме и за ситуацијата на Западен Балкан, каде што гледаме сецесионистичка реторика која носи раздор во Босна и Херцеговина и малигни обиди за сеење раздор, вклучително и од Русија“, рече Столтенберг.

Главниот секретар го спомена и сериозното насилство на северот на Косово. Тој додаде дека министрите ќе разговараат со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, за тоа како да се зајакне стабилноста во регионот.

„НАТО веќе испрати дополнителни илјада војници на Косово и размислуваме за потрајно зголемување на нашиот мировен контингент“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека Србија и Косово мора повторно да се вклучат во дијалогот под покровителство на ЕУ.

„Стабилноста зависи од тоа дали сите страни ќе изберат дијалог и дипломатија наместо конфликт и хаос“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

Башар ал Асад е во Москва објавија руските државни медиуми

Катерина Ѓуровски

Русија: Асад ја напушти Сирија по преговори со „другите учесници во конфликтот“

Катерина Ѓуровски

Путин: Само четвртина од западните компании се повлекоа од рускиот пазар

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Диверзантската група „Атеш“ и зададе сериозен удар на Москва

Орбан: Русија стана „многу силна“, а Украина „многу слаба“

Горан Наумовски