Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции

Од:

Банките во Босна и Херцеговина (БиХ) би можеле да се најдат под санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) поради сметките на лицата и деловните субјекти на црната листа. Здружението на банки на Босна и Херцеговина побара појаснување од Амбасадата на САД.

Вршителот на должноста помошник секретар за финансии на Соединетите Американски Држави, Ана Морис, зборувајќи за санкциите, рече дека домашните банки каде лицата на црната листа имаат отворена сметка може да имаат последици.

Без разлика на волјата на поединецот да ја затвори жиро сметката, а за што ги повика претседателот на Република Српска Милорад Додик „колегите“ од црната листа, една од непознатите е како банките треба да се однесуваат кон оние кои имаат кредит во една од банките.

Затоа Здружението на банки на Босна и Херцеговина испрати писмо до Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина и побара дополнително појаснување и инструкции како банките треба да постапуваат со сметките на санкционираните лица.

Кога станува збор за отворање нови сметки, ситуацијата е поедноставна. Банката може да одбие да обезбеди услуга на лице кое е на црната листа.

Банката, се разбира, може да продолжи да дава услуги на лице кое е на црната листа, што отвора можност да биде предмет на санкции, вклучително и забрана за работа односно меѓународни санкции.

Агенцијата за банкарство на ФБиХ соопшти дека во ФБиХ правната рамка ја регулира работата на банките и исто така ја дефинира обврската на банките да управуваат со сите ризици на кои можат да бидат изложени во своето работење, а исто така ги вклучува и ризиците од воспоставување деловен однос и прифатливоста на клиентите на банката.

„При воспоставување деловен однос или извршување трансакција, банките го проценуваат ризикот на кој можат да бидат изложени со секој поединечен клиент и, во зависност од проценетиот ризик, донесуваат соодветни одлуки во однос на воспоставувањето деловен однос и сеопфатноста на мерките за ограничување“, велат од банкарските агенции на ФБиХ.

Додаваат дека воспоставените процеси во банките и системите за управување со ризици се такви што ефикасно ги спречуваат злоупотребите на банкарскиот систем, ги исклучуваат можностите за незаконски активности и го намалуваат секој ризик што би ги изложил банките или пазарот на санкции.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа

Предраг Петровиќ

Едвард Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат

Катерина Ѓуровски

Владата нскоро ќе го прати во Собрание законот со кој лица од црната листа на САД ќе имаат реперкусии и во Македонија

Црната листа на САД ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми

А1он

Агелер: Има докази против Анѓушев, тој веќе се жалеше, но тоа нема ништо да смени

Катерина Ѓуровски