Хашкиот трибунал следната недела ќе ја изрече пресудата за лидерите на т.н. „Херцег Босна“

Од:

Судскиот совет на Хашкиот трибунал кон средината на следната недела, поточно на 29 мај, ќе ја изрече пресудата за шестмина поранешни воени и политички лидери на т.н. „Херцег Босна“, јави Анадолија.

Поранешниот премиер на т.н. „Херцег Босна“, Јадранко Прилиќ, командатите на Хрватскиот совет на одбрана (ХВО) Слободан Праљак и Миливој Петковиќ, министерот за одбрана на „Херцег Босна“ Бруно Стојиќ, командантот на Воената полиција Валентин Ќориќ и претставникот на канцеларијата на ХВО за размена на заробеници, кој беше одговорен и за озлогласените логори, Берислав Пушиќ се обвинети за злосторства врз Бошњаците и друго нехрватско население од 1992 до 1994 година во Херцеговина и средна Босна.

Доколку Прилиќ и останатите бидат прогласени за виновни, Хрватска би можела да биде прогласена за агресор врз БиХ, имајќи предвид дека Прилиќ и останатите се товарат дека дејстувале во „здружен злосторнички потфат“ заедно со починатиот хрватски претседател Фрањо Туѓман и поранешниот министер за одбрана на Хрватска Гојко Шушак, а со цел одвојување на делови од територијата на БиХ и нивно припојување кон Хрватска.

Според обвинението целта била „политички и воено да се потчинат, трајно да се отстранат и етнички да се исчистат босанските муслимани и другите нехрвати од подрачјето на „Херцег Босна“, односно од просторот на Херцеговина и средна Босна.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска