Мицотакис најави нови мерки за справување со вториот бран на Ковид-19

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на почетокот од денешната владина седница, говорејќи за ситуацијата со новиот коронавирус најави нов акциски план во траење од еден месец и уште еднаш повтори дека намерата е да се избегне целосен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер избегна да даде детали за мерките, но објасни дека новиот едномесечен план е базиран на досегашните процеси на откривање на нови случаи и на тоа кои економски активности предизвикуваат поголеми, а кои помали проблеми и ширење на коронавирусот.

– Од денеска, мора да се донесат некои вонредни одлуки. Солун, Лариса и Родопи влегуваат во црвената фаза, што значи дека се затвораат повеќето активности, освен, продавниците и училиштата. Повторно ќе кажам, нашата цел останува избегнување на целосен карантин, затоа ќе одиме на дополнително зајакнување на наменските ограничувања, рече Мицотакис и додаде дека следните 15 дена се клучни.

Тој истакна дека ситуацијата во Грција е подобра од останатите земји во Европа и дека веројатно е две до три седмици поназад од она што сега се случува во другите европски држави.

Мицотакис на владината седница, која и понатаму се одржува преку видеоконференција, рече дека здравствениот систем е под најголем притисок досега.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе