Од почетокот на туристичката сезона 2.198 посетители на Грција позитивни на Ковид-19

Од:

Франција, Албанија, Велика Британија, Бугарија и Полска се петте земји со најголем број позитивни случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на туристичката сезона, односно од 1 јули до 25 октомври 2020 година, според официјалните податоци од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани се вкупно 2.198 позитивни случаи кај посетители, од кои 447 се активни, 1.625 се вратиле во нивната земја, а 126 се неактивни и остануваат во Грција.

Најголемиот број заразени посетители се од Франција (334), а потоа следат албанските државјани (296), Британците (146), посетителите од Бугарија (141) и од Полска (117).

Од почетокот на туристичката сезона заклучно со неделата, биле направени 703.496 тестови на 5.078.424 посетители на земјата.

Во Грција вчера беа регистрирани рекордни 1.259 нови случаи на Ковид-19, а од почетокот на епидемијата заразени се 32.752 лица, почина 593 лица и направени се вкупно 1.698.327 тестови.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески