Рекорден број на новозаразени во Словенија и Хрватска

Од:

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни 1.323 случаи на коронавирусот, според неофицијални податоци кои денеска ги објавија провладини портали.

Официјалните податоци ќе бидат познати денеска попладне.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, реагирајќи доцна синоќа на веста дека стотина граѓани во Марибор протестираат против полицискиот час, на Твитер напиша дека веќе се потврдени повеќе од 1.100 новозаразени и повика да се почитуваат сите владини мерки.

Во исто време, за само еден ден во Хрватска се потврдни 1.424 новозаразени, починале 11 лица, а тестирани се 5.428 луѓе, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата, на 25 февруари годинава, во Хрватска се евидентирани вкупно 28.287 лица заразени со новиот коронавирус од кои 393 починале, а вкупно 21.435 закрепнале, од кои 473 во последните 24 часа.

Во моментов 24.242 лица се во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Потврдена трагичната вест: Државјанка на БиХ загина во пожарот кај Омиш

A1on

Потрага кај Омиш: Исчезна 34-годишна државјанка на БиХ за време на големиот пожар

ВИДЕО: Во паника, од пожарот бегале во морето, спасувачите извлекле речи 200 луѓе

(ВИДЕО) Ужас во Омиш: изгорени куќи, автомобили, бродови

ВИДЕО: Страотен пожар во Омиш, 36 повредени, седуммина се борат за живот

Хрватска: Пронајдено е телото на еден Португалец, потрагата по неговиот пријател продолжува

Горан Наумовски