Еден добитен талон бил продаден во САД за рекордниот џекпот на лотаријата Пауербол од над 590 милиони долари, пренесоа американските медиуми.
Службеник на лотаријата потврди дека талонот со шестте добитни бројки бил продаден во Флорида.
Тој на сопственикиот му носи 590,5 милиони долари. Детали за добивката се очекува да бидат соопштени денеска на прес конференција.
Шансите за рекордната добивка биле исклучително мали – еден наспроти 175,2 милиони. Најголемиот џекпот во американската историја изнесува 656 милиони и беше извлечен во 2012 година на лотаријата Мега Милиони.