Поднесено обвинение против 29-годишно лице од Скопје за поседување дрога и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишен скопјанец за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– Кај обвинетиот 29-годишник, на 28 септември, во неговото живеалиште на улицата „Бранко Заревски” била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 25,69 грама, во различни пакувања, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Канабис, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. Исто така, била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Обвинетиот недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 милиметри наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол. При претрес на адресата на која престојувал обвинетиот на улица „Париска” во Скопје, пак, биле пронајдени уште 3,31 грама наркотична дрога – марихуана, информираат од ЈО.

Надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.​

Би можело да ве интересира

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција