Повеќе од 1.200 матуранти по седми пат денеска на градскиот плоштад „Македонија“ го заиграа танцот квадрил во рамките на „Матурската парада 2013“. Новината годинава беше тоа што матурантите играа салса и англиски валцер.
Покрај скопските матуранти, танцуваа и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.