ВИДЕО: Наместо да биде затворен, во скопскиот локал и вечерва ќе пее Владо Георгиев

Од:

Во скопскиот локал „Мош“ каде вчеравечер не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирус, вечерва повторно ќе се одржи журка со истиот српски пејач, Владо Георгиев.

Наместо пломбирани врати и налепници дека објектот е затворен, како што најавија од Пазарниот инспекторат, таму веќе се собираат гостите кои претходно направиле резервации. „А1он“ повторно исконтактира со директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски, кој сега вели дека локалот ќе биде затворен идната недела, бидејќи инспекторката која го работи предметот е во изолација.

„Не е затворен, ќе биде наредната недела. Инспекторката што требаше да го затвори е со решение за изолација. Секој инспектор го завршува својот предмет. Наредната недела ќе добие лента“, вели Пауновски за „А1он“.

Тој додава дека и вечерва инспектори се во локалот и повторно не се испочитувани протоколите.

„Инспекторите во моментов се таму и најверојатно ќе добие уште една кривична пријава. Платните налози за претходно му се доставени со записник“, додава Пауновски.

„А1он“ веќе објави дека со гужви, играње и пеење вчера се одржа првиот настап на српскиот пејач Владо Георгиев. Присутните ни вчера не одржуваа дистанца, ниту, носеа маски. Ваквото однесување доаѓа во денови кога во Македонија се бележи нов пораст на новозаболени од вирусот, односно и по 225 нови пациенти на дневно ниво. Епидемиолозите укажуваат дека голем дел од нив се заразуваат во угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите.

Попладнево, директорот Пауновски најави дека локалот се затвора, но не поради непочитување на протоколите, туку поради пречекорување на работното време. Тој најави дека веќе побарал поголеми ингеренции за инспекторите.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска